Полициски службеници на СВР Тетово вчера (13 јуни) околу 4 часот и 15 минути, на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, ги лишиле од слобода М.Н.(53) од тетовско Желино и А.Н.(49) од тетовско Џепчиште. Тие биле затекнати при обид да извршат кражба од плац на фирма во Тетово, а при лишувањето физички ги нападнале полициските службеници. Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци, информира СВР Тетово.
Ноќеска (14 јуни) околу 1 часот и 20 минути, на улица „133“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 51-годишниот тетовец Б.Е., поради сомнение дека претходно извршил кражба во стан во Тетово. Се расчистува и документира случајот и против него ќе следува поднесок.
Вчера (13 јуни) околу 12 часот и 50 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ја привеле 51-годишната М.Б. од Република Албанија, а поради нерегулиран престој на подрачјето. Таа е задржана во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.