Соопштение на СВР Тетово 15 април 2024
На 14.042024 во 22.20 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ј.Х.(45) од тетовско Милетино затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
……
На 14.04.2024 во 10.15 часот во СВР Тетово, Џ.С.(48) од тетовско Нераште пријавил дека во угостителски објект во селото бил физички нападнат од неговиот соселанец А.Д., по што му возвратил. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
……
108 санкции за брзо возење на подрачје на СВР Тетово
Вчера (14 април) во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи управуваат возило со брзина поголема брзина од дозволеното. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 108 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Од нив, 65 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (ТЕ-40 и ГВ-25), од кои 4 возачи (ТЕ-3 и ГВ-1) пречекориле за над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 28 возачи (ТЕ-23 и ГВ-5) за над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
При контролата, исто така, санкционирани се и 43 пречекорувања на брзината во населено место (ТЕ-33 и ГВ-10), а санкционирани се и 2 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-1).
На возачите прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.
……