Соопштение СВР Тетово 16.04.2024
На 16.04.2024 во 02.05 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово. Тој се сомничи дека околу 01.00 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(46) од Тетово, по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Ш.С.(45) од Тетово. Возилото било пронајдени вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.04.2024 во 00.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.К.(72) од Тетово затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата снаа за син. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.