Тетовската полиција соопшти дека е затворен случајот со кучето, за кое беше пријавено дека човек го фрлил од зграда. Според СВР Тетово преземени се сите потребни мерки за расчистување на случајот.
„Извршени се службени разговори со двајцата пожарникари кои биле повикани да го заловат и отстранат кучето од објектот во кој работници изведувале градежни работи, како и со лицето пријавител и очевидец на паѓањето на кучето.Притоа, утврдено е дека не се точни шпекулациите дека наводно некој го турнал кучето. Местото на паѓањето е фотодокументирано и по целосно комплетирање на сите службени материјали ќе биде изготвено писмено известување кое ќе се достави до јавен обвинител, информираше порпаролот Марјан Јосифоски.
Еве ја видеото снимка во која куче паѓа од зграда во Тетово.
По падот кучето угина, а граѓаните споделувајќи го видеото на социјалните мрежи пишуваа дека човек го фрлил.
Вчера изјава за случајот имаше и пожарникарската единица од каде посочија дека никој не го фрлил кучето туку, дека тоа било исплашено и бегало од пожарникарите кои добиле повик да го изнесат од објектот кој е во градба.
Никој не го фрлил кучето, пожарникарите се обидувале да го извадат од зградата
ас