СВР Тетово во текот на вчерашниот ден евидентира две приведувања поради најдена марихуана, од кои во едниот случај станува збор за 15 годишен малолетник. Во соопштението информации и за повеќе пријави за физички напади.
Вчера (10.08.2023) во 16.15 часот полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 15-годишник од Тетово, кај кого била пронајдена и одземена марихуана. Малолетникот е задржан во полициска станица и во присуство на неговиот родител и службено лице од Центарот за социјални работи-Тетово, бил извршен службен разговор, а по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Вчера (10.08.2023) во 10:30 часот на улица „176“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Н.К.(31) од Тетово, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок.
Синоќа (10.08.2023) во 21.20 часот 30-годишната Т.Б. од Тетово пријавила дека околу 17:50 часот, на улица „Илинденска“ била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Вчера (10.08.2023) во 20.00 часот полициски службеници од СВР Тетово на улица „Благоја Тоска“ во Тетово го лишиле од слобода В.А.(78) од Тетово, постапувајќи по пријава во 14.00 часот од страна на на Т.З.(57) од Тетово, вработен во агенција за обезбедување, според која тој по вербална расправија, физички го нападнал пријавителот, при што употребил дрвен предмет. Лицето е задржано во полициска станица и против него ќе следува и соодветен поднесок.
Вчера (10.08.2023) во 07.53 часот во СВР Тетово било пријавено во тетовско Боговиње, кај сточниот пазар, Х.З.(41) од гостиварски Градец бил нападнат од Н.Ф. и неговите синови Ф.Г и А.Ф., сите од нас.„Дреновец“. Според пријавеното, лицата при нападот користеле и дрвен предмет и на Х.З. му одзеле пари и документи од неговото возило со гостиварски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, а против инволвираните ќе следува и соодветен поднесок.