СВР Тетово информира дека е приведена 42 годишна жена поради питачење на наплатна рампа и водна за оневозможување на сообраќај
-Вчера (25 јули) во 20.05 часот, полициските службеници од СВР Тетово ја привеле 42-годишната С.Ш. од Скопје. Таа била пријавена од раководител во Наплатна станица Желино дека врши питачење и го оневозможува движењето на возилата, движејќи се по коловоз на автопатот. Пријавената била оддалечена од автопатот и ќе се соочи со поднесок по член 24 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, информира СВР Тетово.
-Вчера (25 јули) во 19.15 часот во СВР Тетово, А.К.(63) од Тетово пријавил дека околу 16.00 часот кај населба ,,Дреновец“, поради претходни недоразбирања, бил физички нападнат од М.Л.(55) од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Тетово.