Тетовската полиција информира дека приведени биле двајца мажи од Тетово осомничени за тешка кражба која ја направиле во селото Челопек. Тие се приведени половина час по полноќ, а кражбата ја направиле во фабрика за млечни производи.
-Во тетовски Челопек, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.О.(40) и Л.В.(39) од Тетово, кои претходно извршиле тешка кражба во објект во селото и кај кои биле пронајдени и одземени предмети и производи кои потекнувале од кражбата. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.
По документирање на случајот, за двајцата ќе следат и соодветни пријави, најаваија од СВР Тетово.