• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

СВР Тетово: Приведени пет лица за најдена дрога во Тетово, меѓу нив и државјанин на Швајцарија

05/09/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Вчера (4 септември)  околу 19 часот и 15 минути на крстосницата на улиците „Штипска“ и „Гостиварска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 49-годишниот М.Љ. од тетовско Слатино затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. По задржувањето во Полициската станица Тетово и документирање на случајот против М.Љ. ќе следува поднесок.

На улица „Илинденска“ во Тетово вчеравечер (4 септември) околу 20 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот тетовец Љ.И. затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и против него ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (4 септември) околу 23 часот и 40 минути на улица „Илинденска“ во Тетово ги лишиле од слобода гостиварците Г.Е.(48), Л.Ф.(36) и швајцарскиот државјанин Р.Б.(33). При нивен и преглед на патничкото моторно возило „фолксваген тигуан“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана, додека на Г.Е. му бил одземен и нож. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Тетовските пензионери ги интензивираат протестите, утре протест на градскиот плоштад во 18 часот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!