Соопштение на СВР Тетово.
Полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, вчера (22.11.2023) извршиле претрес во домот и помошни простории на 47-годишниот тетовец А.Е., кој се барал за издржување на затворска казна. При претресот, во просториите кои ги користел А.Е., а кој во моментот бил отсутен, пронајден е и од неговата 38-годишна сопруга одземен е хероин, како и предмети со остатоци од хероин. По комплетно документирање на случајот против А.Е. ќе следува соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.
Ноќеска (23 ноември) околу 2 часот и 10 минути на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 31-годишниот тетовец Ш.Р.. При негов и преглед на патничко моторно возило „рено“ со албански национални ознаки, во кое се превезувал со уште три лица, кај него била пронајдена марихуана. Се расчистува случајот и против него ќе следува законски предвидениот поднесок.
Четириесет и двегодишниот Б.А. од тетовско Слатино вчера (22 ноември) во 20 часот во СВР Тетово пријавил дека околу 19 часот и 45 минути пред угостителски објект во селото физички бил нападнат од 33-годишниот И.Џ. од истото село поради нерасчистени должничко-доверителски односи со друго лице. Случајот целосно е расчистен и на И.Џ. денеска (23 ноември) ќе му биде изготвен поднесок
Вчеравечер (22 ноември) околу 23 часот и 25 минути во Полициска станица Тетово за натамошна постапка е задржан 57-годишниот Х.Л. од Република Косово, кој претходно бил приведен на Граничниот премин Јажинце поради пречекорување на престојот во нашата земја. Се расчистува случајот.