Вчера (18 октомври) од 7 до 12 часот на поширокото полошко подрачје спроведена е акциска контрола за првенство на минување, во која вкупно биле откриени и санкционирани 8 прекршоци. Најголемиот број на прекршоците се однесувале на непропуштање на возило од десна страна, како и на други видови непочитување на првенство. На возачите-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 35 до 300 евра во денарска противвредност.
При контролата, исто така, со адекватни поднесоци биле санкционирани и 6 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-7).
Полициските службеници на СВР Тетово вчера ги интензивираа и активностите за поголем ред и безбедност со паркирањето во Тетово, а кои континуирано се спроведуваат веќе подолго време.
Вкупно санкционирани и од тетовската „пајак-служба“ биле подигнати 28 непрописно, односно погрешно паркирани возила, најмногу во централното градско подрачје, пред се во таканаречени „двојни редови“.