Соопштение СВР Тетово 29 април 2024
Со затоплувањето на времето, во реонот на Тетово и Гостивар, во сообраќајот значително е зголемено присуството на мотоциклисти, главно во доцните попладневни и во вечерните часови.
Поради тоа, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до мотоциклистите задолжително да поседуваат соодветна возачка дозвола, поточно посебна категорија М или категорија А, навреме да ги регистрираат своите мотоцикли или доколку се работи за помали видови на мотоцикли, да ја продолжат полисата за осигурување и да користат заштитна опрема како облека за мотоцикли и заштитни шлемови. Исто така, се предупредуваат мотоциклистите да ја прилагодат брзината на движење според условите и ограничувањата на патот и да не возат паралелно еден со друг, туку еден зад друг. Дополнително, да не носат повеќе лица на мотоциклот отколку што е дозволено и да не се движат без соодветна заштитна опрема.
Секторот за внатрешни работи Тетово во текот на изминатиот месец и овој месец ги зајакна контролните активности во поширокиот реон на Тетово и Гостивар, каде посебен акцент, меѓу другото, е ставен и на мотоциклистите, за кои секојдневно се подготвуваат адекватни поднесоци, кои што најмногу се однесуваат на некористење заштитна опрема, напоменувајќи дека паричната казна за ваков вид прекршок изнесува 50 евра во денарска противвредност.