• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово со нов превентивно-едукативен проект „Децата, правата и обврските“

01/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово неделава започна со практична имплементација на нов превентивно-едукативен проект „Децата, правата и обврските“, чиј носител е Отсекот за превенција. Со овој проект ќе бидат опфатени околу 2300 деветодделенци од над 70 основни училишта на тетовското и гостиварското подрачје кои следат настава на македонски, албански и турски јазик.

На посебни часови во училиштата стручно обучени полициски службеници поблиску ги запознаваат учениците со детските права и обврски, во семејството, училиштата и општеството, кои произлегуваат од домашни и меѓународни договори и конвенции. Покрај тоа, основците се информираат и за тоа – што претставува малолетничка деликвенција и за други девијантни појави, асоцијални постапки, но и за можните законски импликации  доколку се инволвираат во истите.

-Целта на проектот кој се планира да заврши до крајот на март годинава е деветоооделенците да знаат кои се нивните права, но и какви можат да бидат законските последици ако иницираат или непосредно учествуваат во незаконски појави и постапки, порачуваат од СВР Тетово

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Приведени за физички напад, најдена дрога и осуденик баран по потерница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.