• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Актуелно

СВР Тетово со посебен сообраќаен режим околу Лешок за празникот Голема Богородица

26/08/2023
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека се завршени планираните подготвителни активности за непречено и безбедно одржување на традиционалните свечености по повод претстојниот православен христијански празник Успение на Пресвета Богородица, попознат во народот како Голема Богородица, кои на 27-ми и 28-ми август ќе се организираат во манастирскиот комплекс во село Лешок.

Во рамките на овие активности, покрај другото, граѓаните се известуваат дека ќе биде воведен посебен сообраќаен режим кој ќе започне да се применува на 27-ми август (недела) во 16 часот и кој ќе трае се до завршување на празничните свечености.

-Во тие рамки влезот кон манастирскиот комплекс ќе биде од пред бензинската пумпа на „Лукоил“ кон селото Лешок, а излезот преку локалните улици кон селото Слатино. Одвивањето на сообраќајот во двете насоки ќе го регулираат полициски службеници на СВР Тетово. Покрај ова, на сите граѓани кои со возила ќе пристигнуваат до манастирскиот комплекс им се советува исклучиво да ги паркираат на паркиралишта, определени за таа намена и целосно да ги почитуваат наредбите на полициските службеници кои ќе го насочуваат движењето на возилата кон манастирскиот комплекс и обратно, информираат од СВР Тетово.

Тетовската полиција потенцира дека доколку се исполнат сите места на предвидените паркиралишта, возилата ќе можат да ги оставаат на десната страна од патот. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да не возат побрзо од дозволеното и да избегнуваат консумирање алкохол доколку со возила пристигнат или се враќаат од Лешок

ас

Тагови: #лешок #големабогородица #празник

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

На денешен ден пред 22 години во 2001 година свирепо беа убиени Боге Илиевски и Светислав Трпковски двајцата вработени во мотелот Бриони

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!