• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во вкупниот број преземени сообраќајни мерки лани на тетовското подрачје 850 биле мерките кои се однесувале на недавање предност-првенство на пешаци, односно непропуштање на оваа категорија учесници во сообраќајот, дури и на обележани премини, соопштуват денеска од СВР Тетово, по анализа на сите податоци од минатата 2022 година.

На возачите-прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 20 до 250 евра во денарска противвредност.

-Целта на преземените мерки била и ќе биде поголема безбедност на пешаците, а преку навремено откривање и законско санкционирање на возачите кои не ги почитуваат нивните обврски кон пешаците. Покрај тоа, за оние кои најнепосредно го загрозиле безбедното движење на пешаците предвидена е и заштитна мерка-времено одземање на возачката дозвола од три месеци до една година. Во функција на поголема безбедност на пешаците минатата година, исто така, биле организирани и повеќе сообраќајни поуки со кои вкупно биле опфатени 544, најмногу пешаци, но и велосипедисти и мотоциклисти, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според аналитичките податоци на СВР Тетово, во 2022 година  на тетовското подрачје биле изречени и вкупно 334 мерки за користење на неатестирани фолии или фолии поставени спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Глобата за овој вид прекршок изнесува 250 евра во денарска противвредност.

Поврзани објави

Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Следна објава

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.