Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се добијат потребните документи за легализација на нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)
Граѓаните кои поседуваат ваков вид на возило согласно измените во Законот за возила до 30 јуни 2024 година треба да извршат регистрација на нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)
Во Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово може да ги добијат потребните документи:
-идентификација на возилото (хомологација)
-изјава за заверка на нотар за сопственоста на возилото
-предлог постапка за легализација до суд
Сопственикот на возилото овие документи потоа ги носи до архивата на Основен суд Тетово и од судот за 30 дена треба да добие решение за сопственост. Со тоа решение се доаѓа повторно во Технички преглед Автостар плус Тетово каде се изготвуваат документите за регистрација и се земаат регистарски таблици за возилото.
За мотоцикли, камп-приколки и приколки за автомобили О-1 и О-2 со решението од судот пред регистрација треба да се платат и царински давачки.
По 30 јуни 2024 година сите овие возила кои нема да бидат легализирани и нема да имаат регистарски таблици согласно измените во Законот за возила ќе бидат одземани од страна на МВР.
Во Автостар плус Тетово може да се најдат сите други потребни услуги поврзани со техничката исправност на возилата.
Работно време е од понеделник до петок од 7:30 до 17:00 часот, а во сабота од 8 до 14 часот. Се наоѓа на улица Љубо Божиновски-Пиш 86А. Телефонскиот број за контактирање е (044) 339-662. Електронската адреса avtostar1@yahoo.com
Од 1975 година кога почнува со работа техничкиот преглед е именуван Здружение на возачи Тетово, а од 2010 година е преименуван во Автостар Плус Тетово.
(комерцијален текст)