Соопштение на СВР Тетово 29 декември 2023
Вчера (28 декември) во 11 часот и 15 минути, на автопатот Скопје-Тетово, пред влезот во Тетово, патничко моторно возило „форд фиеста“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 61-годишниот Т.А. од тетовско Копанце излетало од коловоз. Во несреќата, Т.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (28 декември) околу 18 часот и 40 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово го привеле 35-годишниот тетовец И.Р. во чиј локал биле пронајдени и одземени околу 600 парчиња различни пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот на И.Р. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Вчера (28 декември) околу 12 часот и 45 минути на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 49-годишниот тетовец А.А. затоа што кај него биле пронајдени и одземени повеќе парчиња различни пирoтехнички средства. Се расчистува и документира случајот и против А.А. ќе следува соодветен поднесок.
Осумнаесетгодишниот В.Г. од Република Косово ноќеска (29 декември) во 1 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 22 часот на паркинг пред угостителски објект во Тетово физички бил нападнат од 37-годишниот тетовец Ф.М. со кого се познавал од порано. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Дваесет и деветгодишна жителка на тетовско село вчера (28 декември) во 13 часот во СВР Тетово пријавила дека на 26-ти декември околу 22 часот во Тетово била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг С.П.(31) од Тетово. Се расчистува и документира случајот.
Вчера (28 декември) во 19 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека на семејна веселба во домот на Р.М.(48) во тетовско Челопек неовластено се приредува огномет, по што полициските службеници на СВР Тетово му изготвиле соодветен поднесок.