На обиколницата на Тетово на автопатот од Скопје кон Гостивар вчеравечер (30 декември) околу 21 часот и 35 минути во СВР Тетово пријавено е дека се случила сообраќајна незгода, при што е утврдена тешка повреда кај 51 годишна жена. Интервенираше и пожарната за извлекување на патниците.
-На автопатот Тетово-Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки: “фолскфаген голф” управувано од А.С (27) од тетовско Ново Село и “опел корса”, што го управувал Н.З.(51) од тетовско Боговиње. Во несреќата, сопатничката од ” корсата” И.З.(51)се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информираше портпаролот Марјан Јосифоски.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово