Соопштение на СВР Тетово 19 април 2024
На 18.04.2024 во 14.15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.К.(72) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.04.2024, откако излегол од просториите на Полициската станица Тетово, каде бил задржан поради извршено семејно насилство, во домот го повторил делото и повторно физички ја нападнал неговата снаа. Лицето било задржано во полициска станица и за случајот бил запознаен Центарот за социјални работи Тетово. По документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 18.04.2024 во 20.10 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.Т.(51) од Република Албанија, кој илегално влегол во Република Северна Македонија. Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка.
На 18.04.2024 во 13.45 часот во СВР Тетово, 68 – годишен тетовец пријавил дека бил измамен од лицето А.Р.(47) од Скопје. Според пријавеното, во септември 2023 година преку негов другар од скопско стапил во контакт со А.Р., кој се претставил дека се занимава со купопродажба на недвижни имоти и му дал полномошно на нотар за средување на документи за продажба на заедничката куќа со неговиот брат. Како што е пријавено, тој на А.Р. му дал 400 евра за услугата, кој потоа без нивно знаење ја препишал на име на друго лице од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.04.2024 во 16.35 часот во СВР Тетово, Ѓ.Ј.(37) од Тетово пријавил дека околу 14.00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово бил физички нападнат Б.„Н“. Се преземат мерки за расчистување на случајот.