• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 11 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Тетовчани почнаа да оставаат донации за Турција и Сирија

09/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На плоштадот и спортската сала во тетовската гимнизија денеска почнаа да функционираат собирните пукнтови каде граѓаните ќе можат да остават некаква помош која потоа ќе се однесе во подрачјата погодени од земјотрес во Сирија и Турција.

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и претседателот на Советот Бесар Дурмиши беа дел од граѓаните кои се решија преку банкарска уплатница да издвојат пари на наменска сметка за донации за тие две земји.

-Ги повикуваме сите граѓани на Тетово да помогнат согласно нивните можности во делот на донирање на материјални средства, производи, кои се потребни за оваа ситуација но и пари и финансиски средства. Ние за таа цел ги направивме сите подготовки и заедно со цивилниот сектор да можеме да им овозможиме на граѓаните на полесен начин да ги даваат нивните донации. Во делот на финансиски средства веќе е отворена донаторска сметка во рамки на Општина Тетово и подготвени вирмани за плаќање со кои граѓаните ќе можат нивните донации да ги реализираат преку банките. Како што бевме првично информирани, во оваа првична ситуација има некои административни проблеми за носење на производите и затоа препорачуваме донирањето да биде во парични средства затоа што тоа побрзо и полесно може да стигне до потребната дестинација. Некои граѓани сакаат да помогнат во делот на справување со рушевините, има подготвеност да се однесе механизација таму, за тоа сме во контакт со амбасадата и со институциите во Турција, изјави Биљал Касами.

 На пунктовите ќе има луѓе кои се ангажаирани за прием на донациите од 10 до 18 часот секој ден до 21 февруари.

-Има добар одзив. Потребна е зимска облека, вода, конзервирана храна, ќебиња, медицински лекови. Сета оваа помош ќе се селектира што е облека, што се кондури, па ќе се однесе. Има и можност за парична помош директно во банка преку уплатници. За транспортот ќе се погрижи општината тие се во договор со амбасадата, изјави Ахмед Неби, претставник на здружението Алаџа.

Градоначалникот Касами информираше дека имал првичен контакт со двајцата ученици и наставникот од Тетово кои беа во Турција за време на земјотресот, по што безбедно се вратија дома.

-Ќе ги викнам, да ги видам и од лице место да земам информации во која ситуација се нашле, кои се потребите со кои можеме да им помогнеме ние како општина, рече Касами.

Од општинскиот буџет, Тетово ќе одвои еден милион денари помош за подрачјата погодени од земјотрес во Турција и Сирија.

ас

Поврзани објави

Вести

Универзитетската професорка од Тетово, Рабије Мурати, добитничка на наградата „Свети Климент Охридски“ за 2023 година

11/12/2023
Вести

Во ноември имало 22 акциски контроли за сообраќај – евидентирани 1363 прекршоци

11/12/2023
Вести

Апел на СВР Тетово-пукањето петарди се казнува прекршочно, за нелегалната продажба има кривична одговорност

11/12/2023
црвен крст
Инфо компас

Две крводарителни акции неделава во тетовскиот регион

11/12/2023
Вести

Санкционирани 27 возачи за управување под дејство на алкохол на подрачје на СВР Тетово

10/12/2023
Вести

Градоначалникот на Јегуновце Димитар Костадиноски со отчет за работата во 2023 година

09/12/2023
Следна објава

Покрај од училишта, Движење Антикоцкање и понатаму бара оддалечување на игрите на среќа од градинки, универзитети и верски објекти

Tetovo, MK
понеделник, декември 11, 2023
clear sky
5 ° c
75%
2.98mh
10%
12 c 5 c
вто
11 c 6 c
сре
12 c 4 c
чет
5 c 2 c
пет

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!