• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 24 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

„Тетово сака парк“ со предлог да се садат 1000 нови градски дрвја секоја година за почист воздух

26/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ со предлог за засадување на над 1000 нови дрвја на територијата на општина Тетово, особено на градските улици кои располагаат со таков потенцијал, што би довело до поздрава средина, почист воздух и естетски среден град. Покрај основното барање за прв градски парк, ова е уште еден предлог на иницијативата.

-Голем број од градските улици имаат доволна широчина и солидни услови на нив да бидат подигнати дрвореди. Набавката и засадувањето на садниците, како што се наведува, е мал финансиски товар кој општината може да го понесе лесно на различни начини. Годишно во Општина Тетово може да се засадуваат повеќе од 1000 дрвја.  Тетово се наоѓа во очајна ситуација, зелени површини речиси и да не постојат, а секојдневно сме сведоци на издигнување нови згради една до друга. Градот нема парк во вистинска смисла на зборот. Во ваква ситуација, неминовно е посадувањето на дрвја на места погодни за ова“, велат од „Тетово сака парк“.

Од иницијативата прво излегоа со илустрација пред и потоа на улицата „ЈНА“ (делот кај Ајдучко Маало), а беше претставен и дел од улицата „Борис Кидрич“ – како би изгледала ако се прифати ваквиот предлог за засадување на нови дрвја.

-Новопосадените дрвја ќе влијаат кон чистење на воздухот, во подобрувањето на јавното здравје, а ќе ја намалат и температурата на улиците, што во ваква градежна офанзива станува сериозен проблем. „Тетово сака парк“ ќе продолжи активно да ги посочува градските простори кои имаат капацитет и можност за нови садници, а во насока на неутрализирање на штетните последици од непланското градење и бранот на бетонизирање на градските површини, велат од иницијативата.

Тие се залагаат да се формира прв градски парк со површина од 16 хектари со оглед дека сите површини со зеленило се под минимумот од еден хектар.  Идејата е предложена уште во февруари 2022 година.

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Волонтери бараат средба со тетовскиот градоначалник откако општината побара да ослободат простории

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.