• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Волонтери бараат средба со тетовскиот градоначалник откако општината побара да ослободат простории

26/10/2022
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Волонтери од Социо-културен центар бараат средба со градоначалникот Касами откако добиле известување дека треба да ги напуштат просториите познати како поранешно Радио Тетово. Тие добиле известување од општината со кое од нив се бара да го ослободат просторот на 30 октомври, а тие бараат средба пред тој датум.

-Ние не сме узурпатори, ние сме волонтери, кои сами го ревитализиравме и одржувавме овој простор четири години. Сакаме да се најде решение за проблемот и да продолжат со работа како и досега. Ние не сме подготвени да го напуштиме просторот. Со години инвестиравме не само финансиски туку и доброволно со нашите напори за овој простор да биде отворен за сите. Ние не сме здружение, како што не нарече градоначалникот Касами, ние сме волонтери кои управуваат со простор на заедницата за сите граѓани. Сите организации и поединци го користат просторот кои сами го одржуваме и управуваме и сакаме да продолжи и  понатаму“, нагласуваат во соопштението од Социо-културниот центар Тетово.

Претставниците на Социо културен центар му се обратиле на градоначалникот Касами преку е-пошта.

Просториите кои ги користи Социо-културниот центар во Тетово се познати како зграда во која функционираше поранешното Радио Тетово, сега сопственост на општината.  Општина Тетово во  известувањето ги информира претставниците на Центарот дека има определено Одделение за култура и спорт да ги координира активности на невладини организации за да се користи објектот на Радио Тетово.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Следна објава

Биљал Касами : Објектот на поранешно Радио Тетово да биде достапен за сите, а не само за Социо-културниот центар

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!