• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетово уживаше со македонскиот фолклор на Новогодишниот концерт на КУД „Кирил Пејчиновиќ“-Теарце 

24/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Новогодишниот концерт од КУД „Кирил Пејчиновиќ“-Теарце беше причина да биде полна салата во Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово и ја покажа големата желба на граѓаните да дојдат, да видат и да уживаат во македонски фолклор.  Прекрасниот спектал кој го подготвија играорците и управниот одбор на Културно-уметничкото друштво започна со заедничката изведба на песната „Ни прела гора“.

Големата група при Друштвото настапи со кореографските постановки Посеље, Роненка, Жетварка, Пијанец. Малата група настапи со кореографиите Што имала ксмет Стамена, Беровка, Малешевска, Црногорка. Покрај домаќините – играорците од КУД „Кирил Пејчиновиќ“ како гости настапија Трио „Кладенец“, Трио „Шербет“ и хор „Менада“.

Гледачите не ги штедеја дланките со аплауз да ги наградат прекрасните настапи на играорците.

Претседателот на КУД „Кирил Пејчиновиќ“-Теарце Гоце Симјановски додели благодарници на гостите кои настапија на концертот и ја збогатија вечерта со своите музички композиции.

-Благодарам што дојдовте во толку голем број на овој наш новогодишен концерт, кој прв пат го правиме тука во Центарот за култура. Мислам дека и понатаму тука ќе правиме концерти. Благодарам до сите спонзори и помагатели, порача Гоце Симјановски.

Новогодишниот концерт беше круна на 2022 година, а гледачите имаат прилика да слушнат за сите годинешни настапи, успеси и постигнувања направено дома, но и на меѓународни фолклорни фестивали каде што освоија бројни награди и признанија.

Наредната 2023 година ќе биде година за одбележување на 10 годишниот јубилеј на КУД „Кирил Пејчиновиќ“.  Во Друштвото членуваат над 80-тина млади љубители на фолклорот кои со љубов ја негуваат македонската фолклорна традиција.

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Луковица доби ново ветување дека ќе се асфалтира патот до нивното село

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.