• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовската уметница Ивана Настески ќе има самостојна изложба во Белград

30/08/2022
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Уметницата од Тетово, Ивана Настески со самостојна изложба ќе ја претстави својата уметничка работа во главниот град на Србија, Белград.  Во ДИВАРТ галерија во Белград од 6 до 16 септември ќе бидат изложени 18 нејзини уметнички дела-слики изработени во техниката акварел.

Ликовниот критичар од Белград, Весна Тодоровиќ  во текстот посветен на изложбата „Тајниот код на Сонцето во акварелот на Ивана Настески“ порачува дека публиката ќе има можност да види акварели од Ивана за Шар Планина и Охрид видени низ очите и душата на едно срце полно со љубов, пренесено со боја на хартија.

-Најновите мотиви на акварелот на Ивана се целосно насочени кон два топоними Шар планина и Охрид, градот, езерото и крајбрежјето. Набљудувани на картата, овие географски обележја ја цртаат западната вертикална линија на правец север/југ на родното место на Ивана. Но, нивното позиционирање во животот и постоењето на Ивана е многу поважно од картографското, всушност е од суштинско значење, бидејќи потекнуваат од рамката на човечкиот аспект.  Онаа што потекнува и излегува од самата срж на душата, создадена од најтенкото ткиво, вдишена и натопена од Сонцето уште пред раѓањето, за да живее и создава со тој скапоцен ген во неговиот животворен знак. Оттука, секој акварел на Ивана го носи тој Сончев знак, отелотворен, излеан во топлата светлина на боите, дури и кога боите доаѓаат од „ладниот“ спектар. Тоа е отелотворено во свесните, сигурни потези на непрестајната логика на испорака – во ритамот на дишењето. Дишење, кое го забрзува својот ритам пред убавината и величественоста на пејзажот, додавајќи драматичен акцент на сцената, целосно во согласност со нејзиниот карактер, и вековниот ефект врз човековата душа, кој народниот поет/музичар го овековечи за сите времиња, пишува Весна Тодоровиќ.

Ивана Настески е родена 1981 година во Тетово. На Факултетот за ликовна уметност при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје во 2004 има дипломирано на одделот графика, а во 2009 и магистрирала на одделот графика и графички техники.

Со самостојни изложби освен во родниот град се претставила и во Скопје, Охрид, Кавадарци, Прилеп, Белград, Шабац и Дрезден, а на групни изложби повеќе македонски градови како и во Србија, Русија, Грција, САД, Португалија, Кина, Швајцарија, Мексико, Тајван Шпанија Словенија. Учествувала на бројни меѓународни графички биенални и триенални изложби.

Член е на ДЛУМ од 2009 година, а добитничка е на повеќе награди меѓу кои и Гран при награда за графика на Македонија.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Заврши творечкиот дел од Меѓународната ликовна колонија на Попова Шапка, изложбата е по две недели

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.