• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовски ученици на размена на искуства во Романија-претставен робот-автомобил изработен во РЦСОО „Моша Пијаде“

03/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во периодот од 27.03 до 01.04 ученици и професори од Регионален центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ – Тетово, ја претставуваа Македонија во рамки на Еразмус плус проектот „Од мисли до кодови“ („From Thoughts To Codes“)  кој беше одржан во Решица – Романија.

Покрај од Македонија и Романија учествувале претставници на повеќе земји Грција, Португалија, Италија и Турција и секоја држава се претставувала со своите роботи кои ги имале направено учениците заедно со професорите.

-Нашите ученици изработија робот-автомобил, кој го нарекоа „автомобилот на иднината“ и секој си имаше своја приказна за тоа како автомобилот му помогнал на поединецот или групата да стигне до крајот на своите зацртани цели.  За време на проектот сите ги презентираа нивните роботи и кажаа по неколку збора за идејата, процесот и финалниот производ на автомобилот од иднината. Активностите се одржуваа во училиштето  „Мирчеа Елиаде“ каде што беа срдечно дочекани од домаќините, информираа од училиштето „Моша Пијаде“.

За време на престојот во Романија тетовските ученици имале две посети на различни дестинации.

-Имавме посета во замокот на Дракула кој се наоѓаше во градот Хунедоара. Учениците се запознаа со историјата и со приказната на замокот која им ги раскажаа координаторите од Романија. Ден подоцна имавме посета во градот Темишвар, каде што ги видоа градбите и знаменитостите на еден од градовите со најголема историја во Европа. На овој проект учениците се запознаа со учесниците од другите земји, разменија мислења и идеи за своите роботи. Им помогна да си ги надополнат знаењата и да им се продолжи љубовта или уште повеќе да се засили, кон кодирањето и креаирањето на роботи, информираа од „Моша Пијаде“.

На последниот ден од престојот во Романија учениците го посетиле факултетот во Решица каде што студентите учат и прават роботи. При тоа им било објаснето како и на кој принцип работи нивниот последен робот, намената и употребата.

ас

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Поради силниот ветер паѓаа саксии и тегли од згради - апел да се внимава со оставањето предмети на балконите и прозорците

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!