• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 ноември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Тетовските пензионери по трет пат јавно протестираа на градските улици и го блокираа сообраќајот

24/10/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовските пензионери денес по трет пат протестираа и го блокираа сообраќајот на влезот во градот по што и маршираа по еден од булеварите.

Тие се собраа и половина час го блокираа влезот во Тетово на крстосниците кај булеварите „Маршал Тито“ и „Видое Смилевски-Бато“ истакнувајќи ги јавно барањата за повисоки минимални пензии и линеарно зголемување на износите.

Од тетовскиот иницијативен одбор се револтирани, од како што велат, притисоците дека се политички мотивирани. Летка Мишовска повтори дека тоа не е така, а протестите се организираат затоа што ниските пензии се проблем за пензионерите да се прехранат.

– Во продавница кога влегуваме не нè прашуваат од која партија сме. Нас не нè интересира партија. Која било партија да е на власт треба да го реши проблемот со пензионерите. Меѓу пензионерите можеби од сите партии може има луѓе, јас не можам да ги прашувам, тоа е нивно право. Но има од сите националности. Најниска пензија е 10 илјади денари со редовен работен однос, тоа е жалосно. Сопругот мој е исто така деет години работел а не му плаќале стаж и има 13 илјади пензија. Уште толку има што не можат да излезат некои се болни, деца чуваат, но сите даваат поддршка, изјави Летка Мишовска од тетовскиот иницијативен одбор.

Пред присутните пензионери се обрати и Драган Угриновски од републичкиот иницијативен одбор „Пензионери за достоен живот“. Тој порача дека дошол да даде поддршка на градот Тетово и да се покаже дека нема да се отстапи од барањата. Според него во Тетово е карактеристично и добро што протестираат од сите националности и тоа е доказ дека нема никаква политика.

– Тука е политиката на пензионерите, ги врзува сите гладот и нашите барања се да имаат пензионерите подостоинствен живот како што заслужуваат, бидејќи го граделе ова општество 40 години и повеќе, а денес се соочуваат со тоа да преживуваат. Иако министерката Тренческа нема слух, таа работна група не е излезена да каже какви пакети на мерки се преземени, и покрај тоа што ние баравме да бидеме вклучени со најмалку два члена во работата на таа група, не е дозволено, се работи зад затворени врати и сè уште нема никакво известување што имаат договорено. Со тоа докажуваат дека со политички работи сакаат да купа време и чекаат да го забетонираат сето ова и мислат дека ние ќе се откажеме. Ние нема да се откажеме ние сме како старо дрво кое има длабоки корења, кое не може никој да ги турне. На кондиција нема да не добијат, порача Драган Угриновски.

Стотината пензионери потоа со транспаренти во раце маршираа низ булеварот „Маршал Тито“ до крстосницата со булеварот „Благоја Тоска.

ас

Поврзани објави

Вести

Даријан Сотировски: Најостра осуда за вандалскиот упад во манастирот-тоа се повеќе кривични дела

28/11/2023
Вести

Пратеникот Александар Велјановски со осуда за симнувањето на црковното знаме

28/11/2023
Вести

Сквернавење на имотот на црквата на Попова Шапка – фрлено црковното знаме, поставено албанско

28/11/2023
Вести

АПИС: Mнозинството пратеници ќе гласаат за игри на среќа на црно

28/11/2023
Вести

Општина Тетово: Работниците од Комунална хигиена ќе се префрлат во ново претпријатие и ќе земаат редовно плата

28/11/2023
Вести

Работниците од „Комунална хигиена“ при ЈКП Тетово почнаа штрајк поради неисплатени плати

28/11/2023
Следна објава

Бојан Велевски со спектакл во Тетово!

Tetovo, MK
среда, ноември 29, 2023
overcast clouds
4 ° c
100%
1.92mh
89%
9 c 3 c
чет
16 c 9 c
пет
17 c 11 c
саб
14 c 9 c
нед

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!