Актерот Бојан Велевски прави голема стендап турнеја низ десет градови во Македонија, со наслов “Све ли ја да мислам”, а по текст на Божидар Божиновски (Моџо)
Премиерата тргна од Прилеп, продолжи во Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Битола и Куманово. На овие настани турнејата собра над 3000 луѓе.
За Бојан, настапот во Тетово му е од особено значење:
„Знам за ситуацијата во која се наоѓа културно-забавниот живот за Македонците во Тетово и затоа им посветив еден настап од турнејата. Сакам да им понудам одлична забава и да ги оттргнам од секојдневното сивило. Искрено ја барам поддршката од тетовчани“, открива Велевски.
Продажбата веќе се одвива со брзо темпо. На шест дена пред настанот веќе се продадени над 100 карти до овој момент, а настапот е на 29-ти октомври (недела) во Центарот за Култура, 20ч. Карти имате во Гранд тобако и Вајб Бар. (200ден)
Ова е атмосферата од досегашниот тек на турнејата.