• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Трошењето вода за разладување предизвика недостиг во зградите без хидрофор во Тетово

18/07/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Жителите на Тетово чии домови се во повисоките згради, особено тие без хидрофор деновиве почнаа да се соочуваат со прекини во водоснабдувањето. За ваква состојба до нашата редакција образложија пред сè граѓани од а булеварот „Благоја Тоска“ околу касарната како и од „Видео Смилевски Бато“ кај Монопол.

– На овие високи температури без вода за пиење не е нормално живеењето. Вода во некои зградите без хидрофор и цистерни нема и преку цел ден. Некаде има повремено во текот на денот, сè зависи дали зградата има хидрофор и цистерна и како притисок има. Водата доаѓа околу 22 часот кога се намалува користењето кај останатиот дел од градот, алармираат дел од жителите.

Раководителот на тетовскиот одделение за водовод при Јавното комунално претпријатие „Тетово“ Љуљзим Шаќири објаснува дека во моментот има доволни количини вода во системот но најголем проблем е што поради високите температури луѓето ја трошат за разладување. Има 450 литри вода во секунда, што според него е повеќе од доволно за нормално снабдување.

– Потрошувачката е огромна, многу е топло во градот. Оддеднаш има по сто црева на една улица надвор за разладување и по бавчите. Количински вода има и повеќе од потребното за снабдување. И толку прифаќа системот. Тие згради без хидрофор имаат проблем. Вода има, но не може да се создаде притисок до нивните катови. Чешмите кои се пуштени предолго го одземат притисокот. Апел до граѓаните да не ја трошат водата без потреба. Пример, не мора да се остава водата само да тече додека не се излади, доволно е да се стави вода во фрижидер да се разлади, потенцира Шаќири.

Според процените во одделението за водовод, за Тетово доволни се и 300-350 литри вода во секунда.

ас

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

Приведени двајца малолетници кои се осомничени дека украле „бмв“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!