На активностите во рамки на кампањата за подигнување на еколошката свест и одговорност кон животната средина која Општина Тетово ја почна на 1 март се приклучија и ученици од ООУ „Андреја Савевски-Ќиќиш“.
„Нашето училиште заедно со Општина Тетово и Општинскиот инспекторат, ја спроведоа теренската активност за подигање на свеста на граѓаните за почиста животна средина. Заедно со учениците поделивме летоци со значајни пораки за поздрава животна средина како основно право на секој граѓанин“. Нашата заедничка желба е да ја заштитиме животната средина на нашиот град и ќе продолжиме да работиме кон оваа цел“, порачаа од училиштето.