• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Универзитетот на Југоисточна Европа одбележа 21 година од основањето

18/11/2022
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во присуство на наставниот кадар, студентите, членовите на семејството и поканетите гости, Универзитетот на Југоисточна Европа со свечена церемонија денес ја одбележа 21. годишнина од основањето. На оваа свеченост беа промовирани и новите доктори на науки.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во својот свечен говор истакна продолжува работата како единствен тријазичен универзитет, со 40 студиски програми за додипломски студии, над 40 студиски програми од вториот циклус, три специјалистички програми и 12 студиски програми од третиот циклус, со вкупно над 4.000 активни студенти.

-Преку континуирано преструктурирање на програмите, оваа бројка значително ќе се продолжи да расте, фокусирајќи се на нови програми во согласност со барањата на пазарот на трудот. Во овој процес на програмско проширување, свесни сме за големото значење на академската „длабочина“ на учење е многу поважна од „широчината“ на програмите и академските профили.“, рече ректорот Беџети.

Покрај постигнатото, тој најави и конкретни вложувања во инфраструктурата и обновливите извори на енергија.

-Иако светот сега е во континуирана криза околу три години, нашите инвестициски планови ќе го достигнат својот врв следната година со замена на следната генерација на компјутери (околу 400) и зајакнување на мрежата. Во првите месеци од 2023 година продолжуваат вложувањата во фотоволтаичниот парк со над 5.000 квадратни метри покриви на административни згради и студентски домови со инсталирана моќност од над 1 MWh што ги надминува за 20% потребите за потрошувачка на Универзитетскиот кампус во Тетово за да се компензира за потребите на Кампусот во Скопје. Со ова не само што ќе можеме да станеме енергетски независни, туку и климатски апсолутен редуктор на CO2, рече Беџети.

Обраќање по повод годишнината имаше и Претседателот на Одборот на Универзитетот, проф. д-р Клаус Тотерман, кој им честиташе на сите вработени, на кои им беше доделена благодарност за 10 години и 20 години работен стаж во оваа институција.

-Денес сите имате силни причини да бидете толку горди на себе. И вашите семејства можат да се гордеат со вас. Лојалноста е целосна по тоа што не е само случаен интерес, туку сесрдна посветеност на некоја кауза. Наспроти ова, особено сум благодарен што вашата лојалност не е само случајна, тукушто имате страст за УЈИЕ. Оваа страст се чувствува во сите области на УЈИЕ и покажува каков треба да биде добар работодавец, како што е УЈИЕ. Основната идеја на УЈИЕ е да понуди модерен и меѓународен пристап кон учењето и постојано да се приспособува на промените во пристапот кон истражувањето и наставата. Основата за тоа беше единствената соработка меѓу Европа и САД и во оваа прилика мораме да им се заблагодариме на нашите донатори за нивната континуирана поддршка“, истакна претседателот Тотерман.

Во текот на церемонијата, ректорот и претседателот на Одборот на Универзитетот симболично им доделија признанија и рачни часовници на вработените кои наполниле 10 години работа, додека на вработените кои наполниле 20 години работа им беа доделени персонализирани сребрени медали.

На свеченоста по повод 21. годишниот јубилеј на Универзитетот беа промовирани и дипломираните доктори на науки, вкупно 13, на кои ректорот Беџети им додели дипломи.

ас

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Министер Насер Нуредини : Имаме понуда за Попова Шапка, инвестиција над 50 милиони евра

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.