• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Универзитетот во Тетово со средства од Министерството за образование добива студентски дом – ќе се користи со почетокот на новата академска година

14/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерството за образование и наука информира дека новиот студентски дом кој се гради за потребите на Универзитетот во Тетово се очекува да биде подготвен за прием на студенти идната академска година.

Градежните работи се целосно завршени, а во моментов етапно се опремуваат собите и сите останати простории кои ќе им бидат на располагање на студентите што студираат или во иднина ќе одлучат да студираат на овој државен универзитет и ќе имаат потреба од сместување.

Увид во активностите денеска без медиумите извршиле министерот за образование и наука Јетон Шаќири заедно со заменик министерот Агим Нухиу, ректорот на универзитетот проф. д-р Куштрим Ахмети и претседателот на универзитетскиот сенат проф. д-р Вулнет Амети.

Во соопштението на Министерството се потенцираа дека се работи за крупна инвестиција која ја реализира Министерството за образование и наука и истата е во последна фаза на реализација. Ќе следи партерно уредување и приклучување на студентскиот дом на водоводната и електрична инфраструктура во градот.

-Тетово ќе добие комплетен универзитетски кампус. Освен објектите во кои се изведува наставно – научната дејност, со изградбата и пуштањето во употреба на студентскиот дом, државниот универзитет ќе може да понуди комплетна услуга за идните академски граѓани и очекувањата се дека ќе привлече значително зголемен број на студенти во следниот период. Тука недостасуваше сместувачки капацитет и со заложба на Владата тој се гради согласно сите современи стандарди за квалитет“, изјави Шаќири.

Студентскиот дом ќе може да прими околу 300 студенти.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Бесплатни ехо прегледи за откривање на карцином, лекарите апелираат на чести контроли

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.