• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Ветување од Министерството за животна средина: Со буџетски средства ќе се овозможи пречистителната станица во Југохром да биде во функција

16/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пречистителната станица од  тетовската фабрика Југохром мора да биде во функција, а трошоците за нејзино функционирање ќе се покријат од Буџетот. Ова денеска го најави министерката за животна средина и просторно планирање  Каја Шукова по средба со вработените на пречистителната станица за намалување на загадувањето со шествалентен хром во Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце, фабрика која е во стечај.

Состанокот беше инициран од страна на вработените од Југохром – во стечај, заради проблеми со исплатата на месечните приходи, побарување на дополнителни средства за дежурства во неработните денови, како и обезбедување дополнителна заштитна опрема.

-Пречистителната станица е објект под сопственост на Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце,  а луѓето што се грижат за нејзиното функционирање се вработени во компанијата. Од причина што оваа инсталација моментално е под стечај и не работи, а прочистувањето на водите што се излеваат од депонијата е од витално значење за заштитата на животната средина и подземните води од шестовалентниот хром, Министерството за животна средина и просторно планирање ја презема обврската да ги плаќа надоместоците  за месечните плати на луѓето што оперираат со пречистителната станица како и за хемикалиите кои треба да се набавуваат односно трошоците за одржување на пречистителната станица, порача Шукова.

На состанокот Министерката информираше дека за  барањата на вработените веќе е разговарано со стечајниот управител  и истите ќе бидат исполнети со новиот Договор што ќе го потпише Министерството со стечајниот управител. Така ќе се обезбеди редовно исплаќање на платите, а решен е проблемот со здравственото осигурување.

-Министерството ќе направен напор да ја обезбеди заштитната опрема за вработените.  Свесни за важноста на работата на пречистителната станица, останува да се следи состојбата со стечајната постапка, од која ќе зависи иднината на вработени, порача Шукова.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

АПИС до пратениците : Која ЕУ директива предвидува затворање на легални игри на среќа и 10 илјади луѓе да останат без работа?

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.