• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Владата најави дека италијанска фирма ќе инвестира на Попова Шапка

25/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Владата на денешната владина седница ја одобрила стратешка инвестиција во ски-центарот Попова Шапка, информираше Министерството за животна средина и просторно планирање. Според информацијата станува збор за стратешко партнерство со ски-центарот Попова Шапка со вкупна вредност од  186 милиони евра, од италијанската фирма Техно Алпин.

Инвестицијата треба да се реализира почнувајќи од 2023 година и ќе се реализира во 6 инвестициски фази од кои првата изнесува  приближно 55 милиона евра.

-Вклучува реновирање на постојните капацитети, поставување на систем за правење снег, проширување на постојната скијачка зона со нови објекти и патеки, реновирање и проширување на хотелите, изградба на нови хотелски капацитети, изградба на асфалтни паркиралишта, велосипедски патеки и  креирање на други рекреативни активности, со што овој центар ќе доби можност да се вброи во најмодерните европски зимски центри, се вели во информацијата од Министерството.

Фирмата Техно Алпин работи на производство и инсталирање на системи за вештачки снег, дизајн на скијачки терени и скијачки зони  и има 600 вработени.

-Оваа компанија, по направеното истражување, понуди амбициозен план за развој, иновации и раст на ски-центарот Попова Шапка кој се карактеризира со модернизација на постоечката ски зона и нејзино територијално проширување, подобрување на примарната инфраструктура неоходна за развој на областа, со квантитативни и квалитативно подобрување на туристичко сместувачката дејност, со вклучување на нови капацитети за прилагодување на туристичката понуда на актуелните барања на туристичкиот пазар и проширување на истата, соопштија од Министерството.

 

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Писателот Исмаил Кадаре од Албанија во Тетово го доби признанието за почесен граѓанин

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!