Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (14 февруари) од 9 до 14 часот спровеле акциска контрола на пешаци и на нивното однесување во сообраќајот.
При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 16 пешаци (ТЕ-10 и ГВ-6). Најголемиот број од нив (ТЕ-6 и ГВ-6) ги преминувале улиците надвор од обележани премини, а 4 (ТЕ) не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосници.
На пешаците-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои се движат од 30 до 50 евра во денарска противвредност, а повикани се и на таканаречена сообраќајна поука. Санкциониран, исто така, бил уште 1 (ТЕ) друг вид сообраќаен прекршок.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел и потсетување на пешаците максимално да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците и како се движат на оние улици и патишта на кои нема обликувани тротоари. На возачите ,пак, им се укажува секогаш да им даваат предност и да ги пропуштаат пешаците