Соопштение на СВР Тетово 17 мај 2024
Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, во текот на минатиот месец април при редовни контроли и спроведени акциски и засилени контроли во сообраќајот, биле откриени и санкционирани вкупно 1965 сообраќајни прекршоци ( ТЕ-1252 и ГВ-713). При тоа биле исклучени 102 (ТЕ-74 и ГВ-28) од кои 17 возила за техничка неисправност, 42 со поминат рока на сообраќајната дозвола до и над 30 дена, 37 со затемнети стакла со фолии, 4 воопшто нерегистрирани возила и 2 со неправилно сместен товар, во овој период биле привремено одземени 8 возила (ТЕ-6 и ГВ-2) од кои 7 возила биле одземени поради поминат рок на важност на регистрација повеќе од 6 месеци и 1 поради бучавост.
Исто така биле исклучени 269 возачи (ТЕ-201 и ГВ-68) од кои 27 за управување возило под дејство на алкохол, 171 возачи кои управувале возила без да положат возачки испит и 28 возачи почетници кои не ги почитувале прописите и ограничувањата за оваа категорија на возачи. Во текот на минатиот месец биле констатирани вкупно 645 (ТЕ-364 и ГВ-281) мерки за пречекорување на максималната дозволена брзина, како и други прекршоци. На сите прекршители изготвени им се соодветни законски поднесоци.
СВР Тетово го повторува апелот до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со што ќе придонесат за нивната и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот