Соопштение на СВР Тетово 5 април 2024
На 04.04.2024 во 16.40 часот во Полициското одделение Теарце, Ќ.Б. од тетовско Доброште пријавил дека на место викано ,,Краишта“, атар на Доброште, поголема група кучиња скитници го нападнале неговото стадо со овци и усмртиле три овци.
На 04.04.2024 во 22.45 часот на Граничен премин Јажинце, полициски службеници ги привеле М.З.(46) и А.Х.(37), двајцата од Република Албанија, затоа што при гранични проверки и контрола било констатирано дека имале непријавен и пречекорен престој во државата. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.
……
На 04.04.2024 во 22.25 часот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Б.З.(49) од Тетово. Дваесетина минути пред тоа, тој бил пријавен од М.Б.(42) од Тетово дека поради недоразбирање во сообраќајот физички го нападнал, при што употребил и остар предмет. Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
……
На 04.04.2024 во 19.30 часот во СВР Тетово, Д.Т.(48) од Тетово пријавил дека претходниот ден во тетовско основно училиште, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
……
На 04.04.2024 во 14.15 часот во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го привеле В.С.(30) од Гостивар затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон неговиот татко. По целосно документирање и расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
……
На 05.04.2024 во 01.30 часот во СВР Тетово, О.Б.(28) од гостиварско Неготино пријавил дека во угостителски објект во тетовско Жеровјане бил физички нападнат од Б.Џ.(45) од истото село. По целосно документирање и расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
…….
На 04.04.2024 во периодот од 21.00 до 23.00 часот на место викано „Паркинг Расадиште“, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го привеле С.Ј.(29) од тетовски Порој затоа што агресивно се однесувал кон нив при извршување службени дејствија. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
……
На 04.04.2024 во 12.30 часот на улица Илинденска во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола за санкционирање на лица кои питачат, при што ја привеле 26-годишната М.М. од тетовско Прељубиште. По документирање на случајот против неа ќе следува соодветен поднесок.