Вработен во тетовско основно училиште вчера во школскиот двор нашол пиштол, по што пријавил во СВР Тетово, информираат денес од тетовската полиција.
-Вчера (30 ноември) во 16 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека 33-годишен вработен во тетовско основно училиште, на спортско игралиште во кругот на училиштето, пронашол пиштол, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Според информациите на портпатролот пиштолот е подигнат за вештачење и сега се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
ас