Активности по повод прием на првачињата во Детската организација се реализираа денес во ОУ „Лирија“-Тетово.
Денес 6 октомври со свечена приредба првачињата стапија во детската организација и се запознааа со дел од правата и дадоа свечена заклетва, информираа од училиштето.
Во оваа учебна 2023/2024 година 41 прваче на македонски наставен јазик го започнаа школувањето во ОУ „Лирија“-Тетово.
Првата недела во октомври вообичаено се одбележува како Детска недела, а изминативе пет дена во ОУ „Лирија“ по тој повод се спроведоа низа активности од страна на учениците од прво до петто одделение.