Соопштение на СВР Тетово 28 април 2024
На 27.04.2024 во 21.50 часот во СВР Тетово Г.А.(41) од Тетово пријавил дека на улица ,,180″ блок 70, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Денеска (28.04.2024) околу 06.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во стара напуштена куќа на влез за тетовски Требош. Повредени лица нема, а со интервенција на Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот бил целосно локализиран. Увид на лице место ќе врши увидна екипа од СВР Тетово.
На 27.04.2024 во 20.45 часот во тетовско Сиричино полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце, го лишиле од слобода И.Т.(33) од Тетово, бидејќи кај него е пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.04.2024 во 12.45 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го приведеле странскиот државјанин Ф.Ч.(44) од Р.Турција, поради злоупотреба на престој во државата. Против него ќе следува соодветен поднесок.
На 27.04.2024 во 19.00 часот во Полициска станица Тетово, Н.З.(30) од Тетово пријавил дека пред продажен објект на улица „Благоја Тоска“, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Ѓ.С. од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.04.2024 во 21.00 часот во Полициска станица Тетово, В.С.(30) од Гостивар пријавил дека околу 18.30 часот во угостителски објект во близина на стадионот бил физички нападнат од две лица со кои претходно заедно седеле во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.04.2024 во 15.30 часот во Полициска станица Тетово, Д.Р.(30) од тетовска Голема Речица пријавил дека околу 14.30 часот, додека бил на работно место во работилница во Голема Речица, бил физички нападнат од Б.Б. од истото село, роднина на неговата сопруга, со која биле во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.04.2024 во 22.00 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.М.(34) од тетовска Мала Речица, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел службени дејства. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.