Секторот за внатрешни работи Тетово во период од 22 часот вчера до 4 часот утринава спроведе контроли на возачите учесници во сообраќајот, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 18 прекршоци од 12 во тетовскиот регион, а шест во гостиварскиот.
-Кај најголемиот број од возачите-прекршители биле измерени до еден и еден пол промили алкохол во организмот, a кај двајца во Тетовско над два промили. Сите се веднаш исклучени од сообраќај. Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да се воздржат од консумирање алкохол кога управуваат возила, без разлика на поводот и причината (свадби и други семејни свечености и веселби). Зашто, алкохолот негативно влијае на нивната способност за нормално и безбедно управување на возилата, им ја намалува концентрацијата и во крајна линија го зголемува ризикот по нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На санкционираните возачи времено им се одземени нивните возачки дозволи и изготвени им се поднесоци со парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност.
ас
фото МВР