• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Во понеделник 15 мај ќе има уписи и селекција за Спортската академија на Спортски центар

11/05/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Средното училиште Спортска Академија Тетово информира дека во понеделник 15 мај ќе се вршат уписи и селекција на заинтересирани ученици од основните училишта. Уписите и селекцијата ќе се вршат на теренот со вештачка трева на Спортскиот центар во Тетово со почеток од 9 часот.

-Учениците во  ова училиште стекнуваат четиригодишно гимназиско образование. Стимулирани се со бесплатна спортска опрема од Фудбалската федерација која им е потребна за тренинзите, бесплатни учебници од МОН, бесплатен превоз и стипендија од 550 евра годишно доколку остварат просек од 4.0. Со растот на стандардот расте и висината на стипендијата, информираа од училиштето.

Државното средно училиште Спортска академија -Тетово, функционира како дисперзирана паралелка под ингеренција на Спортската академија од Скопје веќе седма година во континуитет.

-Во Тетово ова државно средно училиште е лоцирано во објектот на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ кај Архивот, каде наставата на учениците се одвива во попладневните часови, додека практичниот дел учениците го имаат на теренот со вештачка трева на Спортски центар каде учениците ги совладуваат вештините по предметот Тренинг на фудбал.

Тренинзите односно практичниот дел е раководен од лиценцирани тренери од ФФМ и од професори  по физичко образование или ментори кои спроведуваат и дел од теоретската настава по стручни предмети, во склоп на теоретските наставни часови во училиштето. Наставата има од прва до четврта година на македонски и на албански паралелки.

По завршувањето на четиригодишното образование, учениците можат да се запишат на секој факултет по нивна  желба. Целта на ова училиште е да се пропагира образованието и спортот како една перспективна целина која од младите генерации ќе прозведе здрави психофизички личности со одличен степен на теоретско образование но и здобивање со спортски вештини по фудбал од каде може да излезат успешни реализирани спортисти, фудбалери и фудбалерки кои по својот квалитет може да парираат на европските но и на светските професионалци  од овој спорт.

Многу ученици од ова училиште се успешни студенти запишани на различни факултети во државава, а дел од нив се успешни репрезентативци кои играат за нашите познати клубови но и клубовите во регионот и во странство.

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Приведени три странски државјанки поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!