Соопштение на СВР Тетово 19 јануари 2024 година
На 19.01.2024 во 00.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Р.И.(18) од Скопје. Претходниот ден околу 21.30 часот, таа пријавила дека Е.И.(55) од Тетово физички ја нападнал и против нејзина волја ја држел во неговиот дом. По преземени мерки и активности во соработка со Центарот за социјални работи Тетово, било утврдено дека таа лажно го пријавила настанот, а подоцна во службен разговор и самата признала дека по своја волја престојувала кај него дома. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 366 став 1 во врска со член 140 став 1 од Кривичниот законик
На 18.01.2024 во 10.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле лицето Т.Џ.(48) од тетовско Селце. Тој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 19.01.2024 во 06.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Л.М.(31) од с.Ново Село, општина Желино, затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон нив додека преземале службени дејствија. По документирање и расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 19.01.2024 во 00.15 часот во СВР Тетово бил приведен и задржан А.Н.(49) од Тетово, кој околу еден час пред тоа бил пријавен од неговата 44-годишна сопруга дека физички ја нападнал во семејната куќа. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, и ќе биде изготвен соодветен поднесок.