Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (7/8 октомври) спровеле акциска контрола на возачите – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол.Притоа биле откриени и законски санкционирани вкупно 29 прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-16).
Меѓу прекршителите 1(ТЕ) имал над 2 промили алкохол во крвта, а 1(ТЕ) и 2 (ГВ) до 2 промили алкохол во крвта, односно организмот. Возачите-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 225 до 275 евра во денарска противвредност, зависно од степенот на нивната алкохолизираност. Покрај ова, времено ќе им се одземат и нивните возачки дозволи од три месеци до една година.
Санкционирани, исто така, биле и 16 други видови прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-6).
Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период планира вакви и други контроли во сообраќајот на подрачјето кое ингерентно го покрива, а до возачите апелира да не консумираат алкохол пред да седнат зад волан или ако веќе консумирале, да не возат, без разлика на поводот и причината за консумирање на алкохолни пијалаци( свадби, семејни свечености и слично).Зашто, под дејство на алкохол тие ја загрозуваат сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.