• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Зголемена сообраќајна динамика -11 казни за брзо возење во населено место

19/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во пресрет на претстојниот празник Рамазан Бајрам кога се очекува зголемена сообраќајна динамика на подрачјето, СВР Тетово уште еднаш со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, односно да не возат пребрзо и целосно да се придржуваат на сите сообраќајни правила и прописи, а посебно на оние кои се однесуваат на престигнување, давање првенство, држење безбедно растојание и друго, за да се избегнат мешаници и несреќи. Ова, дотолку повеќе што деновиве забележително зголемен е бројот на возилата кои сообраќаат по градските улици во Тетово и Гостивар, но и по регионалните и локалните патишта.

Засилените сообраќајно-контролни активности на тетовско-гостиварското подрачје продолжуваат во континуитет. Вчера (18 април) од 7 до 13 часот спроведена е уште една акциска контрола за брзина со која се движат возилата, претежно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и околните регионални патишта, во која биле откриени и санкционирани вкупно 49 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-30 и ГВ-19). Едно од пречекорувањата (ГВ) било за над 70 километри на час, 12 (ТЕ-4 и ГВ-8) до 70 километри на час и така натаму. Покрај ова, санкционирани се и 11 пречекорувања на пропишаната брзина (ТЕ) во населено место, како и 2 други видови прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-1). На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби од 10 до 400 евра во денарска противвредност, зависно од големината на пречекорувањето, а значително брзите возачи и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава
суд

Осумдневен притвор за 21 годишник кој со месеци ја тепал 19 годишна вонбрачна сопруга

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!