Соопштение на СВР Тетово 21 април
На 20.04.2024 во 11.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с.Волковија, патничко возило „нисан“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(40) од с.Нераште, општина Теарце, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш. констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово
На 20.04.2024 во периодот од 08.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи управуваат возило со брзина поголема брзина од дозволеното. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 34 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Од нив, 25 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (ТЕ-12 и ГВ-13), од кои еден возач (ТЕ) возел со врзина од над 70 километри на час повеќе од дозволеното. При контролата, исто така, санкционирани се и 9 пречекорувања на брзината во населено место (ТЕ), а санкционирани се и 14 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-5). На возачите прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.
СВР Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, да ја прилагодат брзината според условите и ограничувањата на патот, затоа што брзината на движење продолжува и во текот на оваа година да биде причина број еден при догодени сообраќајни незгоди, поготово на незгодите со посериозни последици.