• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

ЖФК Љуботен ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната

23/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Денеска на пладне, под ”раководната палка” на тренерот Ивица Радоњиќ, актуелниот македонски шампион и есенски лидер ЖФК Љуботен ги започна подготовките за пролетниот дел.

На првиот работен состанок раководството на тимот Драгољуб Јовановски, Перо Јовановски и Ивица Богдановски порачаа дека главна цел е одбрана на шампионскиот трон, кој носи нова шанса за излез во Европа, поточно во Лигата на Шампионите.

-Во однос на играчкиот кадар кој ја освои есенската титула, единствено ќе недостасува Сања Ратковиќ која кариерата ја продолжи во Полска. Но затоа раководството експресно реагира и веќе го најави првиот трансфер во името на Бојана Петкова, а до крај на преодниот рок актуелниот шампион ќе биде посилен за уште една до две домашни репрезентативки како и едно странско засилување со кој веруваат дека заедно ќе го изодат шампионскиот пат, информираше Радоњиќ.

Екипата ќе одигра четири до пет контролни натпревари, дел домашни и неколку меѓународни. На 1-ви февруари Љуботенки ќе гостуваат во соседна Србија, во Ниш на дуел со екипата на ЖФК Машинац, а на 8-ми домаќини на КФФ Митровица од Косово. На 11-ти февруари актуелниот македонски шампион ќе се ”тестира” против сениорската репрезентација на Македонија.

 

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Во 2022 година изречени 11 200 мерки за пребрзо возење

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.