Соопштение на СВР Тетово 24 март 2024
На 23.03.2024 во 18.20 часот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка при СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А.(43) од с.Шипковица, тетовско. При преглед во патничко возило „фолксваген голф караван“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувал документација и за кои постоои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“.
Дрвата и возилото биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во Поолициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.