• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се обновува конакот на Лешочкиот манастир

Денеска увид во работите извршија Митрополитот тетовско гостиварски г. Јосиф заедно со директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски.  

18/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Започнаа да се прават заштитно-конзерваторските работи за ревитализација на стариот конак и црквата Пресвета Богородица од 14 век кои се во рамки на манастискиот комплекс Свети Атанасиј во тетовски Лешок. Во првата фаза од ревитализацијата на конакот се работи на отстранување на стариот и дотраен градежен материјал, а во втората фаза доградба со нови материјали.

Денеска увид во работите извршија Митрополитот тетовско гостиварски г. Јосиф заедно со директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски.

-Лешочкиот манастир има огромно безвременско значење за православното македонско население во Полог и пошироко. Поради тоа изминатите месеци беше во фокусот на нашите напори после децении да започнат посериозни заштитни работи врз ова културно наследство. Инстутуционалната поддршка за подигање на овој духовен центар ќе продолжи и во 2020 година. По завршувањето на отпочнатата фаза ќе следи фаза на темелно конструктивно зајакнување на стариот конак, а на црквата Пресвета Богородица е поставен заштитен времен кров, а ќе се продолжи во следната фаза со решавање на влагата и санација на кровната конструкција и ѕидовите. Комисијата за односи со верските заедници е задоволна од кооперативноста меѓу институциите и МПЦ-ОА, изјави Сотировски.

Во црквата Пресвета Богородица во иднина ќе се работи и на реставрација на фрескоживописот. Работите се изведуваат во рамки на на реализација на годишната програма на Националниот Конзерваторски Центар.

А.С

 

Тагови: конаклешочки манастирпресвета богородицаревитализација

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

39 годишниот Горан Јосифовски-Џемо го фати осветениот крст во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.