Тетовскиот градоначалник Биљал Касами најави дека ќе се испитува зошто доаѓа до чести дефекти на новиот водоснабдителен систем и ќе се бара долготрајно решение.
Од петокот во Тетово се воведени и рестрикции во водоснабдувањето поради најновиот дефект на овој систем кој носи вода од планинските реки од месноста Лешница до градската водоводна мрежа.
-Ми приложија од ЈКП дека се осум проблематични точки на целиот довод на цевката од Лешница до пречистителната станица. Една од тие точки пред месец дена интервениравме и ја саниравме но другите немавме време затоа што почна зимата. Една од тие осум точки е пукната и сега вработени во ова време се наоѓаат на место и се ободуваат да ја санираат и се надеваме дека за два три дена ќе биде завршена таа работа, а на пролет ние ќе излеземе со целосна студија каде се тие точки и ќе интервенираме да ги санираме за следната година. Тој проект за Лешнички водовод е катастрофален како и сите други проекти кои нецелосно се проектирани и реализирани. Затоа ние сега се соочуваме со проекти кои се трошени милионски суми пари од даноците на граѓаните. Сега повеќе прават штета од колку што се од корист, изјави денес Касами од улицата „Браќа Миладинови“ каде присуствуваше на работите за санација на коловозната лента.
Рестрикции има секој ден од 01до 04 часот и од 13 до 16 часот, но според жителите на Тетово има делови во градот каде вода за пиење има само по еден до два часа.
ас