Со оддавање почит на паднатите борци и народни херои пред Споменикот на револуцијата во Тетово денес продолжи одбележувањето на Денот на ослободувањето во Втората светска војна 19 ноември во 1944 година.
Почит кон загинатите и учесниците во Народонослободителната војна беше одддадена и со едно минутно молчење како и положување цвеќе пред спомен обележјето од страна на повеќе делегации.
Вчера во пресрет на празникот во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ беше одржана пригодна свеченост со уметнички перформанс насловена „77 години Слободно Тетово“.
ас