Соопштение СВР Тетово 26 април 2024
На 25.04.2024 во 23.55 часот на улица ,,Јане Сандански“ во Тетово полициски службеници од СВР-Тетово го лишиле од слобода Н.Т.(18) од Скопје, затоа што околу 23.40 часот ги зел клучевите од патничко моторно возило ,,мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на неговата 26-годишна сестра, исто така од Скопје, и го стартувал. Таа се обидела да го спречи да го управува возилото, но не успеала, по што на улица ,,Илинденска“ Н.Т. изгубил контрола и возилото излетало од коловозот. Неговата сестра се здобила со телесни повреди, констатирани во клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово.
На 25.04.2024 во 16:20 часот СВР-Тетово 50-годишна тетовка пријавила дека била измамена од Ѓ.С. од Тетово, така што во текот на 2022 година од неа купила недвижен имот со локација во викенд населбата во Попова Шапка со површина од 300 метри квадрати, за кое што во присуство на нејзината ќерка и друго лице од Боговиње и платила 6000 евра. Според пријавеното, истата ја довела во заблуда дека постапката за префрлување на сопственост се уште е во општина, но откако побарала информација од општината и било соопштено дека таков предмет не постои. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.04.2024 година во 21.00 часот во СВР-Тетово А.М.(37) од тетовска Брвеница пријавил дека претходниот ден во два наврати околу 19.00 и околу 24.00 часот, во обложувалница во Брвеница бил физички нападнат од вработениот Б.С. и неговиот брат, двајцата од тетовско Долно Седларце. Се преземат мерки за расчистување на случајот.